Осумгодишна суспензија за тенисер кој местел натпревари

Шпанскиот тенисер Енрике Лопез Перез доби осумгодишна суспензија поради местење на натпревари. 

Лопез Перез во текот на 2017 година наместил неколку натпревари, а тоа скапо ќе го чини, во наредните осум години не само што нема да може да игра тенис, туку не смее и да присуствува на мечеви. 
 
Дополнително ќе треба да плати и парична глоба од 25.000 долари.
 
Веројатно ова ќе значи и крај на неговата кариера бидејќи има 29 години. Најдобар пласман на шпанскиот тенисер беше 154. место на АТП листата.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе