Мото ГП

Оливеира победи во Тајланд, Бањаја треба да го части Зарко

Мигел Оливеира ја забележа втората победа оваа сезона откако најдобро се снајде на влажната патека во Тајланд, Пеко Бањаја финишираше како трет, ја искористи лошата трка на Фабио Квартараро и се доближи на само два бода до лидерот.

Сезоната во Мото ГП влегува во возбудлива завршница, Фабио Квартараро има само два бода повеќе од Пеко Бањаја.

Актуелниот шампион имаше катастрофална трка во Тајланд, не освои ниту еден бод и им овозможи на ривалите да му се доближат.

На влажната патека најдобро се снајде Мигел Оливеира од КТМ, кој мина прв низ целта пред Џек Милер, кој беш на чело на колоната во првиот дел од трката.

Последното место на пиедесталот му припадна на Пеко Бањаја, кој ќе треба да го части Жоан Зарко.

Возачот од Франција во последните кругови го претекна Марк Маркез и го одбрани Пеко Бањаја од налетот на Шпанецот. Жоан Зарко имаше брзина да го претекне и Пеко Бањаја во завршницата, но реши да му го чува грбот и да му помогне да освои екстра бодови во трката за титулата.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе