Премиерот на Јапонија потврди

Олимписките игри се одложуваат за 2021 година

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе потврди дека Олимписките игри кои требаше да се одржат ова лето во Токио, ќе се презакажат за следната година. 

Веќе неколку дена се најавува дека Олимписките игри нема да се одржат поради коронавирусот, но Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) се уште официјално не донел одлука.
 
Сега потврда за одложување стигнува од премиерот на Јапонија, Шинзо Абе кој пред само неколку денови уверуваше дека игри ќе има.
 
Тој на новинарите им рекол дека побарал од претседателот на ИОК, Томас Бах да се одложат игрите за следната година, и добил целосна согласност за тоа.
 
ИОК во неделата извести дека за четири недели ќе ја донесат конечната одлука за одложување на игрите.
 
Во меѓувреме Канада, Бразил и Австралија објавија дека и да се одржат Олимписките игри тие нема да учествуваат на нив. Јасно е дека бојкот ќе има и од многу други земји, па одложувањето е сосема логично.
 
Изјавата на Премиерот на Јапонија значи дека Олимпијада оваа година сигурно ќе нема, во наредниот период ИОК треба само и официјално да ја потврди одлуката и да ја соопшти новата дата.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе