Олимпиецот Дејан Пановски избран за нов претседател на Скијачката федерација на Македонија

На Изборното собрание на Скијачката федерација на Макекдонија (СФМ), за нов претседател беше избран Дејан Пановски, македонски скијач, олимпиец, спортист со врвни резултати. 

Во својата историја Пановски бележи два настапи на Зимските олимписки игри (1998 и 2002), како и два сениор и еден јуниор настапи на Светско првенство во скијање. Тој сега повторно е исправен пред уште еден голем предизвик, смирувањето на страстите во Скијачката федерација, унапредување на скијачкиот спорт во Македонија како и застапување и остварување на националните и интересите на членовите на здружението.
 
Новиот претседател беше едногласно избран од страна на 13-те присутни клубови.
 
За време на изборот беше присутен и Претседателот на македонски олимписки комитет Даниел Димовски, како и претставник од Агенцијата за млади и спорт.
 
Мандатот на Дејан Пановски е во времетраење од една година, кога повторно ќе се оддржи нов избор во собранието на СФМ.
 
„Како голем спортист, вљубеник во планините и скијањето и општо во спортот, максиманлно ќе се посветам и ќе дадам се од себе за конечно да имаме видливи позитивни резултати и напредок во овој спорт во нашата земја. Во наредниот период сите активности ќе бидат насочени кон унапредување на квалитетот на сите спортови при Скијачката федерација на Македонија, обезбедување на средства за млади-надежни натпреварувачи, усовршување на постоечките стручни кадри, како и популаризација и заживување на скијачките клубови а со тоа и зимскиот спорт во нашата земја“, изјави Дејан Пановски, претседател на Скијачката федерација на Македонија.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе