Никогаш претходно не било вака

Охридскиот маратон одамна помина, Маленко сѐ уште не им ги исплатил парите на пливачите

Иако Охридскиот маратон беше одржан кон крајот на август, пливачите сѐ уште чекаат да ги добијат паричните награди што ги освоија. 

Александар Маленко не е легитимен претседател на пливањето во Македонија, но од државата доби „амин“ тој да го организира Охридскиот маратон.
 
Охридскиот маратон се пливаше за награден фонд од 15.000 долари, а натпреварувачите сѐ уште си ги чекаат парите што ги освоија пливајќи ја патеката што има посебна тежина.
 
Досега никогаш не се случило исплатите да доцнат, ниту на Охридскиот, ниту на кој било друг значаен маратон во светот, ова што се случува сега е преседан.
 
Нашиот најдобар маратонец, Евгениј Поп Ацев, кој ја освои титулата во Ултрамаратон серијата, а Охридскиот маратон го заврши втор, ни потврди дека сѐ уште ниту тој, ниту другите пливачи не ги добиле парите. 
 
„Точно е. За жал, сѐ уште не ни се исплатени парите. Не можам да зборувам 100% за сите пливачи, но тие што ги познавам знам дека не ги примиле наградите“, вели Евгениј Поп Ацев за МКД.мк.
 
„Не знам зошто се случува ова, можеби организаторот има одговор. Никогаш претходно на Охридскиот маратон не било вака, наградите, како и на сите други маратони во светот, веднаш биле исплаќани по натпреварот или по церемонијата на прогласување на победниците“.
 
Иако таканаречената Пливачка федерација на Северна Македонија на Александар Маленко не е легална, ниту пак има капацитет да го води пливањето, бидејќи пливачките клубови и работниците во овој спорт одамна му го свртеа грбот, државните институции сѐ уште не реагираат за да се реши проблемот, од кој најзасегнати се децата.
Р.Ѓ.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе