Љубителите ќе можат да уживаат во две трки

Охрид утре ќе биде домаќин на Олимписки пливачки маратон и Македонски куп во далечинско пливање

Во водите на Охридското езеро утре по трет пат ќе се одржи Олимпискиот пливачки маратон на 10 километри во организација на Клубот за спортиви на вода Охридски бранови 2008 и Националната пливачка федерација на Македонија.

хрид овој месец ќе биде домаќин на неколку настани, а за утре се закажни Олимпискиот пливачки маратон и Македонскиот куп во далечинско пливање.

„До сега се пријавни вкупно 18 пливачи од пет земји за учество на Олимпискиот пливачки маратон, а очекуваме учество да потврдат уште неколку пливачи. Очекуваме добра и квалитетна трка. Патеката е кружна, па гледачите цело време ќе можат да уживаат“ – изјави Кочо Паскали од клубот Охридски бранови 2008, кој е организатор на настанот заедно со Националната пливачка федерација на Македонија.

Почеток на Олимпискиот пливачки маратон е закажн за 12 часот, за регуларноста на трката ќе се грижат 10 судии, а за безбедноста на здравјето на пливачите ќе биде задолжен Црвен Крст од Охрид.

„Имаме одлична соработка со охридскиот клуб и сигурен сум во успешна организација на Олимпискиот пливачки маратон и Купот во далечинско пливање. Нашата цел со организирање на Купот е поголема промоција и омасовување на пливањето како спорт во нашата земја. Ова е втора рунда од Купот, првата се одржа на 2. август во рамките на Илинденскиот пливачки маратон. Завршанта трета руна ќе биде во Велес следниот месец“ – рече претседателот на Нациналната пливачка федерација на Македонија, Александар Филипчев.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе