Одбојка

ОФМ се раздели со Матијашевиќ, одбојкарите имаат нов селектор

Одбојкарската федерација на Македонија информириаше дека Никола Матијашевиќ веќе не е селектор на одбојкарската репрезентација, негов наследник е Душко Николиќ. 

ОФМ незадоволна од настапот во Европската сребрена лига каде загубивме во финалето од Данска, реши да го смени селекторот на сениорската репрезентација. Промена има и кај женската селекција до 19 години.
 
Соопштението на ОФМ ви го пренесуваме во целост:
 
Душко Николиќ ги презема сениорите, ОФМ ја прекина соработката со Матијашевиќ и со Михајловиќ
Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да ги промени селекторите на машката сениорска и на женската репрезентација за одбојкарки до 19 години. 
По анализата на настапите и на  резултатите во Европската сребрена лига 2021, во којашто македонскиот национален тим не успеа да го освои златниот медал иако финалето го играше на домашен терен, челниците на ОФМ ја прекинаа соработката со Никола Матијашевиќ и решија да му го доверат кормилото на репрезентацијата на неговиот досегашен асистент Душко Николиќ. 
Извршниот одбор на ОФМ го констатираше придонесот на Матијашевиќ во остварувањето на досегашните цели, но исто така ја истакна потребата од промена пред учеството на Европското првенство во септември во Тампере. Назначувањето на Николиќ ќе значи постојаност во работата на репрезентацијата, но од друга страна ќе овозможи и нов пристап во подготовките за нашето второ учество на континенталните самити.
Промена има и кај јуниорките коишто се подготвуваат за Европското првенство наредната година кај нас. Извршниот одбор на ОФМ го разреши српскиот стратег Ненад Михајловиќ, кој го почна процесот на формирање на репрезентацијата за одбојкарки до 19 години, но немаше соодветни резултати на неколку подготвителни турнири. За наследникот на Михајловиќ Извршниот одбор ќе решава дополнително.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе