Коронавирусот им направи проблем на организаторите

Одложени и трките во Бахреин и Виетнам, новата сезона во Формула 1 ќе почне дури во мај

Почетокот на новата сезона во Формула 1 е дополнително поместен, денеска пристигна информација дека се одложуваат и трките во Бахреин и Виетнам.

По одлуката да не се вози ГН на Австралија, ФИА реши да ги откаже и следните две трки од календарот, односно ГН на Бахраин (22. март) и ГН на Виетнам (5. април).

Причина за ваквиот потег е коронавирусот. Еден член на Мекларен беше позитивен на Ковид 19, поради него уште 14 лица се ставени во изолација па тимот од Вокинг не може да се натпреварува.

Со оглед на тоа дека од поодамна е откажана ГН на Кина (19. април), новата сезона ќе треба да почне дури во мај месец.

Сепак во моментов е нејасно дали тоа ќе биде со ГН на Холандија (3. мај), или пак со ГН на Монако (24. мај).

Ако се суди од соопштението на Ф1, под прашалници се ставени првите две трки во мај, односно ГН на Холандија и ГН на Шпанија, но според соопштението кое го испрати ФИА, планот е сезоната да стартува со ГН на Холандија.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе