Формула 1

Одличната стратегија на Мерцедес и перфектната егзекуција на Хамилтон го оставија Верстапен без победа во Хунгароринг

Макс Верстапен не се израдува целосно на синоќешната прва пол позиција во кариерата, денеска Мерцедес и Луис Хамилтон со помош на одлична стратегија славеа победа во Хунгароринг.

Луис Хамилтон слави победа на ГН на Унгарија, актуелниот шампион перфектно ја одработи стратегијата која му ја поставија инженерите во гаражата и на пет круга пред крајот го претекна лидерот Макс Верстапен.

Холанѓанецот, кој синоќа се радуваше на првата пол позиција во кариерата, ја поведе трката и го контролираше првиот дел, се до влегувањето во боксот и промената на гумите.

Дури и потоа без проблеми беше на чело на колоната и покрај тоа што Луис Хамилтон му дишеше во врат со оглед на тоа што Хунгароринг не нуди многу можности за претекнување.

Сепак на 25 круга пред крајот, Мерцедес го повика Луис Хамилтон по втор пат во боксот и му дадоа побрзи пневматици. Ова беше потег со кој не можеа ништо да загубат (фозачите на Ферари беа далеку назад) а многу да добијат. Па Британецот тргна во поход и од круг во круг ја намалуваше предноста на Макс Верстапен за на пет круга пред крајот лесно да го помине возачот на Ред Бул.

Па на крајот Луис Хамилтон се радуваше на победа, Макс Верстапен финишираше како втор, а последното место на пиедесталот му припадна на Себастијан Фетел, кој во завршните кругови го претекна тимскиот колега Шарл Леклер.

Во бодови уште завршија Карлос Саинц, Пјер Гасли, Кими Раиконен, Валтери Ботас, Ландо Норис и Алекс Албон.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе