Лига на шампиони

Одбојкарите на Струмица Никоб со убедлив пораз се враќаат од Амстердам

Струмица Никоб убедливо со 3-0 во сетови беше поразена од холандскиот тим Динамо Апелдрон во првиот меч од првото квалификациско коло во одбојкарската Лига на шампиони. 

Динамо Апелдрон се покажа како преголем залак за Струмичани кои на овој меч настапија без руските интернационалци Злобин, Лободин и Михаилов.
 
Холандскиот тим го доби првиот сет со 25-20, а во следните два Апелдрон беше уште поубедлив, нив ги доби со 25-13 и 25-16.
 
Канаѓанецот со македонско потекло, Деан Глобоцки со шест поени беше најдобар во составот на Струмица, додека Бекхуд со 14 поени беше најдобар кај Динамо Апелдрон.
 
Реваншот се игра за седум дена во Скопје, но по овој пораз мисијата на Струмица за пласман понатаму стана речиси невозможна.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе