Лига на шампиони одбојка

Одбојкарите на Струмица Никоб го добија првиот противник во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион, екипата на Струмица Никоб се првиот наш учесник во одбојкарската Лига на шампиони, за прв противник ќе го имаат Динамо Апелдрон од Холандија. 

Денеска во седиштето на ЦЕВ во Луксембург се одржа ждрепката за европските натпреварувања во одбојка, Македонија свој претставник има во ОК Струмица Никоб.
 
Струмичани за прв противник во Лигата на шампионите го добија тимот на Динамо Апелдрон кој е шампион на Холандија во последните две сезони.
 
Доколку Струмица Никоб излезе како победник, ќе игра против Бенфика од Португалија, во случај на пораз ќе се пресели во Купот на ЦЕВ каде ќе игра против екипата на Мурса Осјек од Хрватска.
 
Првиот меч против Динамо Апелдрон се игра во „Сала Парк“ во Струмица на некој датум од 20 до 22 септември, реваншот е седум дена подоцна во Холандија.
 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе