„Спартанците“ добија стари познаници

Одбојкарите ги дознаа противниците за дебито во Европската златна лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија во 2020 за прв пат ќе настапи во Европската златна лига, денешната ждрепка ги смести „црвено-жолтите" во Групата Ц заедно со Чешка, Турција и Португалија.

По одличниот настап на Европското првенство во Словенија, „спартанците“ во 2020 ќе се докажуваат во Европската златна лига. Денеска беше извршена ждрепката, Македонија се најде во Групата Ц а за противници ги доби Чешка, Турција и Португалија.

„Ова е тешка група, но на ова ниво лесна воопшто нема. Ние сме во кремот на одбојката и тоа е местото каде што заслужуваме да бидеме. Добро е во првиот натпревар ќе бидеме домаќини, ако успееме да победиме, тоа би бил одличен почеток. Секако дека ние не сме фаворити за влез на завршниот турнир, сепак ова не е како во сребрената лига, но имаме екипа којашто што може да направи нова историја доколку сме здрави сите. Португалија е домаќин на Челенџер купот, па прочитав дека селекторот ќе ја искористи Европската златна лига за да ги провери сите играчи, мојот техничар во Фридрихсхафен е капитен на Чешка, па ќе се обидам да соберам некоја информација и од него, а Турците ги знаеме и се надевам дека ќе им се реваншираме за поразот на ЕП. Мојот сон е три победи дома и една или две на гости, а тоа значи пласман на завршниот турнир. Само да сме здрави” - оптимистички вели капитенот Никола Ѓорѓиев

Завршниот турнир на четирите најдобри ќе биде одигран викендот на 20-ти и на 21-ви јуни, а домаќин ќе биде Белгија. За разлика од досега, финалистите ќе обезбедат пласман во ФИВБ Челенџер купот и ќе имаат шанса да се борат за настап во Лигата на нации во 2021.

Распоред на натпреварите:

1. коло – 23/24.5.2020: Македонија – Чешка
2. коло – 27.05.2020: Турција – Македонија
3. коло – 30/31.05.2020: Португалија – Македонија
4. коло – 06/07.06.2020 Македонија – Португалија
5. коло – 10.06.2020 Македонија – Турција
6. коло – 13/14.06 2020 Чешка – Македонија

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе