Формула 1

Одбиени протестите на Мерцедес, Верстапен останува шампион!

ФИА доцна вечерва објави дека се одбиени двата протести на Мерцедес, тоа значи дека нема да има промени на резултатите и Макс Верстапен останува шампион.

Новиот шампион во Формула 1 нема да се решава на зелена маса, доцна вечерва ФИА објави дека се одбиени двата протести на Мерцедес.

„Сребрената стрела“ се пожали дека Макс Верстапен го претекнал Луис Хамилтон кога безбедносното возило било на патеката, а ја оспори и одлуката само болидите помеѓу Британецот и Холанѓанецот да го претекнат безбедносното возило.

Откако беа сослушани сите страни, ФИА пресече. Најпрво го одби првиот протест, стјуардите потврдија дека во еден момент болидот на Макс Верстапен бил понапред од болидот на Луис Хамилтон кога двајцата се надмудрувале за подобар старт, но тоа е вообичаена пракса.

За вториот протест, ФИА потврдуда дека членот на кој се повикува Мерцедес (48.12) не бил целосно спроведен, но посочува дека членот 48.13 е главен и штом ќе се појави поракта дека се повлекува безбедносното возило, тоа мора да се повлече до крајот на кругот.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе