Медитерански игри

Нуров го освои златото на Медитеранските игри

Борачот Магомедџгани Нуров ѝ го донесе златниот медал на Македонија од Медитеранските игри кои се одржуваат во Оран, Алжир. 

Нуров во финалето во категоријата до 97 килограми, го победи Фејзула Актурк од Турција со 4-3 благодарение на одличен финиш во борбата.
 
Турчинот имаше водство од 3-0, но Нуров успеа на двапати да освои по два поени, да направи пресврт и да дојде до победа која му го донесе златниот медал.
 
Медал за Македонија донесе и Владимир Егоров кој освои бронза откако со 7-2 во репесажот го победи домашниот борач, Кербаче.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе