Шампионот на Македонија прави уште посилен тим

Ново засилување за Вардар, Германецот Дисингер потпиша за „црвено-црните“

Репрезентативец на Германија за прв пат ќе настапува за Вардар, 26 годишниот лев бек, Кристијан Дисингер е ново засилување за шампионот на Македонија.

Изминатово лето се случија големи промени во Вардар, но и покрај тоа „црвено-црните“ бележат одлични резултати и редат само победи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата.

Управата на клубот исто така продолжува да работи на креирање на уште посилен тим, и сега го донесе седмото засилување за оваа сезона. „Црвено-црните“ потпишаа двегодишен договор со 26 годишниот лев бек, Кристијан Дисигнер.

Тој ќе биде првиот репрезентативец на Германија кој ќе настапува за Вардар и ќе треба да помогне на позицијата лев бек.

Сепак, за своето деби во дресот на „црвено-црните“ тој ќе треба малку да почека и нема да биде во комбинација за дуелот со Кјелце во недела. Според правилата на ЕХФ, Вардар ќе може да го пријави Германецот во својот ростер за средбата со Мешков Брест која се игра на 3. ноември.

Кристијан Дисигнер, кој пред неколку дена го раскина договорот со Кил, претходно во својата кариера има настапувано и за екипите на ТСГ Фреиззенхајм (2008-2011), Кадетен (2011-2013), Нептуно (2013), Либек (2015-2015).

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе