Само една недела по трагичниот инцидент на Спа

Ново страшно излетување овој пат во Ф3, чудо е како никој не е повреден (ВИДЕО)

Една недела по големиот судар на Спа во кој животот го загуби Антоан Убер, на Монца се случи ново страшнo излетување во Ф3 трката, за среќа никој не настрада.

Овој викенд на програмата во Формула 1 е трката за ГН на Италија на легендарната Монца. Во пресрет на третиот слободен тренинг, утрово се возеше трката во Ф3. 

Љубителите на мотоспортот беа сведоци на ново страшно излетување, и тоа само една недела по големиот судар на Спа во кој животот го загуби Антоан Убер а уште еден возач е во критична состојба во болница. 

Алекс Перони беше возачот кој денеска ги исплаши сите, тинејџерот од Австралија закачи едно тротоарче на излезот од Параболика, неговиот болид полета, се преврте неколку пати во воздух и потоа со врвот надолу тресна на земја и се заплетка во мрежата крај заштитната ограда. 

Алекс Перони излезе од болидот неповреден, и чудо е како никој не настрада со оглед на тоа дека имаше неколку маршали кои стоеа крај патеката на месото на кое се случи инцидентот.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе