Реакции на колегите на Ѓоковиќ

„Новак немаше ни да оди во Австралија ако не добиеше изземање од Владата, ќе си седеше дома со семејството“

По одлуката за депортација на Новак Ѓоковиќ, стигна поддршка и од некои негови колеги.

Фото: ЕПА

Меѓу првите се појави Ник Кирјос, кој претходните денови му даде огромна поддршка на Ѓоковиќ, а потоа следуваа нови реакции.

Очекувано, свое мислење даде еден од најдобрите пријатели на Новак меѓу тенисерите, Канаѓанецот Васек Поспишил.

„Новак немаше ни да оди во Австралија ако не добиеше од Владата изземање за влез во земјата. Ќе го прескокнеше Австралија опен, ќе останеше дома со семејството и никој немаше да зборува за овој хаос. Ова беше политичка игра поради претстојните избори и не можеше да биде поочигледно. Ова не е негова вина. Тој не се обиде насилно да влезе во земјата и не правеше свои правила. Беше спремен да остане дома“, изјави Поспишил.

Се огласи и француската тенисерка Ализ Корне.

„Знам премалку за да ја судам моменталната ситуација. Она што го знам е дека Новак секогаш прв застануваше покрај играчите. Но никој од нас не застана на негова страна. Новак, биди силен“, рече Корне.

Американецот Рајли Опелка не можеше да ја премолчи изјавата на еден корисник на Твитер дека Новак требало да ја прими вакцината и дека тоа не е „толку тешка“ одлука.

„Уште една рработа не му беше толку тешка на Новак кога остануваше на теренот уште по еден час во 2008 година на мастерсот во Синсинати за на секое дете да му потпише топче. Јас бев меѓу тие деца. Тој направи многу големи работи за спортот“, изјави Опелка.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе