Новак Ѓоковиќ и официјално прв носител на Австралија опен

Новак Ѓоковиќ и официјално е прв носител на претстојниот Грен слем турнир во Мелбурн. Организаторите на Австралија опен денеска потврдија 32 носители во двете конкуренции, меѓу кои српскиот ас е на позицијата број 1.

Инаку, официјалната ждрепка за АО е закажана за четврток, 13 јануари.

Зад Ѓоковиќ се Данил Медведев (Русија), Александар Зверев (Германија), Стефанос Циципас (Грција), Андреј Рубљов (Русија), како шестопласираниот Рафаел Надал (Шпанија), а во првите десет се и Матео Беретини (Италија), Каспер Руд (Норвешка), Феликс Оже-Алијасим (Канада) и Хуберт Хуркач (Полска).

Во женска конкуренција, Австралијката Ешли Барти е на местото број 1, а по неа се Арина Сабаленка (Белорусија), Гарбиње Мугуруса (Шпанија), Барбора Крејчикова (Чешка), Марија Сакари (Грција), Анет Контавејт (Естонија), Инга Швјонтек ( Полска), Паула Бадоса (Шпанија), Онс Жабур (Тунис) и Анастасија Павличенкова (Русија)... Јапонката Наоми Осака е 13-та, а Романката Симона Халеп е 14-та.

Австралија опен почнува в понеделник на 17 јануари.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе