Шпанските медиуми се импресионирани од Србинот

Новак Ѓоковиќ е Робин Худ од модерното време, повеќе мисли на другите отколку на себе

Шпанскиот весник „Марка“ напиша текст за Новак Ѓоковиќ во кој српскиот тенисер го нарече Робин Худ на новото време. 

EPA-EFE/ALI HAIDER
Мисијата на Робин Худ да зема од богатите и да им дава на тие што имаат помалку, ја прави Новак Ѓоковиќ во тенисот.
 
Весникот „Марка“ за Новак пишува дека тој заслужува да го добие прекарот Робин Худ во тенискиот свет поради тоа што го прави надвор од терените за неговите колеги. Тој овој период го поминува во Шпанија, во Марбелја па во моментов им е близок на новинарите од оваа земја.
 
Ѓоковиќ веќе четврта година е претседател на здружението на тенисери и речиси и да нема играч кој не е задоволен од неговата работа.
 
Како мерка за кризата од коронавирусот, тој успеа да обезбеди помош од по 8,000 евра за послабо рангираните тенисери откако направи шема по која секој од најдобро рангираните играчи треба да придонесе за да се обезбеди фондот од кои ќе им се помогне на помалите.
 
Во соблекувалните често се зборува дека Ѓоковиќ повеќе мисли на другите отколку на себе. Тој се залага за поголеми награди на тенисерите кои ќе испаднат во првите неколку кола од Грен-слем турнирите, и за остварување на таа цел сам ќе ги плати адвокатите.
 
Весникот ги споменува и донациите на Новак Ѓоковиќ за време на коронавирусот, тој донираше огромни суми за Србија, за шпанскиот Црвен крст и за болница во Бергамо.
 
Според „Марка“, Новак Ѓоковиќ е многу повеќе од тениски шампион.
 

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ALI HAIDER

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе