Новак Ѓоковиќ е негативен на последниот тест, Србинот е излекуван од коронавирусот

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се негативни на ковид-19, славната српска двојка се излекува од вирусот. 

Последните резултати на ПЦР тестот кој го направија во Белград покажаа дека Новак и Јелена Ѓоковиќ се негативни на коронавирусот.
 
Претходните десетина дена Ѓоковиќ и неговата сопруга ги поминаа во самоизолација откако беше утврдено дека и тие имаат ковид-19.
 
Ѓоковиќ се најде во центарот на вниманието на светската јавност по неговиот „Адриа тур“, кој заврши неславно. Заразени од коронавирус покрај него беа Григор Димитров, Виктор Троицки, Борна Чориќ, Горан Иванишевиќ...

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе