Мото ГП

Нова победа за Квартараро, подиум за Роси

Убедлива трка и втора победа по ред за Фабио Квартараро во Херез, Валентино Роси по 199 пат се искачи на подиумот, „докторот“ го освои третото место. 

Квартараро минатиот викенд дојде до првата победа во Мото ГП, а денеска го обезбеди вториот триумф и тоа на убедлив начин покажувајќи дека оваа година може да се бори за шампионската титула и да ги искористи проблемите на Маркез.
 
На денешната трка Квартараро доминираше на патеката, го освои првото место со дури осум секунди пред вториот, Маверик Вињалес.
 
Вињалес во финишот имаше директна пресметка со својот клупски колега Валентино Роси и успеа да го помине во претпоследниот кур. Но Валентино Роси е задоволен со самиот пласман на подиумот, долго време не се качил таму, а ова му беше вкупно 199 пати.
 
Трагичар на денот беше Бањаја од Дукати кој долго време беше второ место, но неговиот Дукати откажа по што тој предвреме ја заврши трката.
 
Квартараро сега има 50 бодови, толку повеќе од Маркез кој имаше тежок пад во првата трка, поради кој го пропушти и денешното возење. Втор е Вињалес со 40 бодови, Довициозо има 26 на третото место.
 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе