Формула 1

Нова еден-два победа за Мерцедес, Хамилтон доминираше во Франција

Луис Хамилтон го предводеше Мерцедес до еден-два победа на „Пол Рикар", Британецот беше во водство од прв до последен круг и мина низ целта со речиси 20 секунди предност во однос на Валтери Ботас.

Прилично досадна трка во Франција со малку возбудувања на врвот и возачите кои се борат за највисок пласман. Луис Хамилтон водеше од прв до последен круг и во ниту еден момент не беше загрозен. Н крајот Британецот се радуваше на победа и мина низ целта со речиси 20 секунди предност во однос на тимскиот колега.

Зад него, Валтери Ботас долго време беше сигурен на втората позиција, но Финецот во финишот имаше проблеми со пневматиците па беше стигнат од Шарл Леклер, но беше предоцна за возачот на Ферари да изгради позиција за напад и мораше да се задоволи со последното место на пиедесталот.

Макс Верстапен заврши како четврти и имаше прилично осамена трка, ниту можеше да ги нападне тие пред него, ниту пак можеше да биде загрозен од болидите кои беа зад него. Себастијан Фетел по стартот од седмото место, успеа да ги помине двата болиди на Мекларен и да финишира како петти. Мала утеха му е тоа што доби екстра бод за најбрз круг.

Во бодови уште завршија Карлос Саинц, Даниел Рикиардо, Кими Раиконен, Нико Хулкенберг и Ландо Норис. Но распоредот од седмата до десетата позиција може да се промени откако во последниот круг имаше дуел помеѓу Норис и Рикиардо по кој двајцата вазачи на кратко излетаа надвор од патеката а тоа го искористија Раиконен и Хулкенберг, кои го претекнаај младиот Британец.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе