Мото ГП

Нова драма во Австрија, Лоренцо пред Маркез за голема победа

ГН на Австрија донесе уште една неизвесна трка и битка до самиот финиш, на крајот Хорхе Лоренцо се радуваше на триумф пред Марк Маркез и Андреа Довициозо.

Патеката во Шпилберг можеби не е омилена помеѓу возачите но и денеска донесе драма и битка до самиот финиш.

Маркез, Лоренцо и Довициозо веднаш се одвоија од останатите и долго време изгледаше дека тројца ќе атакуваат на победа. Но на десет круга до крајот кога Лоренцо го нападна Маркез во првиот свиок, Дови се прецени на кочење, мораше да корегира за да не се судри со актуелниот шампион, и по оваа грешка го загуби ритамот.

Па клупските колеги од следната сезона ја продолжија битката за првото место. Маркез во претпоследниот круг се врати во водство, но Лоренцо ја искористи моќта на своето Дукати да избие во водство во свиокот број 1 на отварањето на последниот круг. Шпанецот потоа умешно одолеваше на нападите на својот сонародник и прв мина низ целта за голема победа. 

Андреа Довициозо го обезбеди последното место на пиедесталот со заостанување од секунда ипол. Зад нив се пласираа Кал Кралчлоу, Данило Петручи, Валентино Роси, Дани Педроса, Алекс Ринс, Жоан Зарко и Алваро Баутиста.

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе