Проблемите продолжуваат

Нов циркус во пливањето, државата го признава Филипчев, а на Маленко му даде дозвола да го организира Охридскиот маратон

Пливачка федерација на Северна Македонија се пофали дека добила дозвола од Владата да го организира Охридскиот пливачки маратон и уште два настани и покрај тоа што не се води како правен субјект.

Година дена се водат војни за превласт во пливањето во Македонија, признаена од сите институции е Националната пливачка федерација на чело со Александар Филипчев, но продолжува да функционира и Пливачка федерација на Александар Маленко која не е правен субјект и ја нема запишано во Централен регистар.

 

ПФСМ минатата недела најави неколку настани овој месец, а денеска се пофали и дека добила дозвола од Владата да го организира Охридскиот маратон.

На Фејсбук, Пливачка федерација на Северна Македонија објави одобрение од Министерство за транспорт и врски, Капетанија на пристаништата – Охрид за одржување на три трки во Охридското езеро, односно Лен купот на отворени води, Охридскиот маратон и 10-километарската трка од Гран-при светската серија.

Одобрението е издадено на Комитет за далечинско пливање и меѓународни пливачки манифестации – Охрид. Ова здружение е формирано на почетокот од април месец, Александар Маленко е еден од основачите и претседател. Се чини дека ова здружение е формирано со цел да биде запазена некоја правна процедура бидејќи Пливачка федерација на Северна Македонија не постои.

 

 

Минатиот месец Александар Маленко доби кривична пријава од Александар Филипчев за користење на фалсификат печати, со оглед на тоа дека печатите со назив „Пливачка федерација на Македонија“ кои ги користи Александар Маленко се веќе неважечки.

Националната пливачка федерација исто така има и проблем со признавање од ФИНА за која се уште актуелен претседател е Александар Маленко. Охридскиот пливачки маратон е дел од Ултра-маратон серијата на ФИНА.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе