Најуспешната нација на олимписките игри во Пјонгчанг

Норвешка освои најмногу медали во историјата на едни Зимски олимписки игри

Норвешка е најуспешната нација на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг кои завршија денеска. Норвежаните поставија и рекорд по бројот на освоени медали на една Олимпијада. 

Норвешка доминираше на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, со фантастичните перформанси на терените успеаја да постават и нов рекорд по бројот на освоени медали.
 
Освоија вкупно 39 медали од кои 14 златни, 14 сребрени и 11 бронзени. Тие го урнаа рекордот на Американците од Ванкувер 2010 година кои тогаш освоија 37 медали.
 
Германија е втората најуспешна нација на Зимските олимписки игри, тие исто како и Норвежаните имаат 14 златни медали, но осум помалку во вкупниот збир.
 
Трета е Канада со 29 медали, Американците имаа 23, три повеќе од Холандија.
 
Русија која на овие Олимписки игри настапи под името Олимписки атлети од Русија, освои вкупно 17 медали, но само два од нив беа златни. Еден од нив е во најатрактивниот спорт, машкиот хокеј.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе