Формула 1

Ниту безбедносното возило не донесе драма, Мерцедес најбрз во Каталуња, денеска Хамилтон беше подобар од Ботас!

Мерцедес стигна до еден-два победа на ГН на Шпанија, за разлика од синоќешните квалификации, денеска Луис Хамилтон беше подобар од Валтери Ботас во трката.

„Сребрената стрела“ продолжува до доминира, ниту безбедносното возили не донесе драма во Каталуња. Најголемит возбудувања се случија во првиот свиок, кога Хамилтон изби на чело на колоната а Себастијан Фетел од надворешна страна имаше неуспешен обид да ги претекне возачите на Мерцедес.

Потоа немаше многу престигнување освен оние кои следеа по тимските наредби на Ферари, најпрво Шарл Леклер го претекна Себастијан Фетел, а потоа и Германецот беше пропуштен од страна на возачот од Монако.

На 20 круга до крајот, имаше мал инцидент помеѓу Норис и Строл, па безбедносното возили излезе на патеката. И покрај тоа што болидите се подредија еден зад друг, на врвот практично не се случуваше ништо до крајот, и главната битка се одвиваше за позициите број седум, осум, девет и десет.

Таму најпрво двајцата возачи на Хас имаа контакт за потоа Грожан да загуби позиција од Саинц и Квјат.

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе