Формула 1

Ништо од ново чудо, Хамилтон доминираше во Барселона и го надмина рекордот на Шумахер

Луис Хамилтон триумфираше на ГН на Шпанија, Британецот мина низ целта пред Макс Верстапен и Валтери Ботас за својата четврта победа во 2020.

Макс Верстапен пред една недела приреди големо изненадување и славеше на втората трка во Силверстоун, но денеска Холанѓанецот не успеа да приреди ново чудо. Возачот на Ред Бул на стартот го претекна Валтери Ботас, но не можеше да му парира на Луис Хамилтон во продолжението од трката

Актуелниот шампион одлично ги менаџираше пневматиците, водеше од прв до последен круг, за доминантна победа во Барселона и негов четврти триумф во 2020. Со овој успех, тој го надмина и постигнувањето на Михаел Шумахер и сега е осамен на врвот со 156 подиуми.

Валтери Ботас скапо го плати лошиот старт, можеби лесно се справи со Ленс Строл, но никако не успеваше да го стигне Макс Верстапен и на крајот мораше да се задоволи со последното место на пиедесталот.

Рејсинг Поинт одново беше најдобар од остатокот, Серхио Перез финишираше како четврти а Ленс Строл како петти. Потоа следуваа Карлос Саинц, Себасетијан Фетел, Алекс Албон, Пјер Гасли и Ландо Норис.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе