УС Опен

Ништо од историја, Ѓоковиќ загуби од Медведев во финалето на УС Опен

Новак Ѓоковиќ го загуби можеби за него најзначајниот меч во кариерата, Данил Медведев одигра перфектно, победи со 3-0 и го освои својот прв грен-слем турнир во кариерата. 

Ако Новак Ѓоковиќ го победеше финалето на УС Опен ќе беше првиот тенисер по Род Лејвер во 1969 година кој успеал да ги освои сите четири грен-слем турнири во една календарска година.
 
Новак со триумф ќе ги поминеше Федерер и Надал по бројот на освоени грен-слем турнири, но тоа не се случи, на патот му застана Данил Медведев.
 
Медведев одигра фантастичен меч, победи со 3-0 во сетови, 6-4, 6-4 и 6-4 и со само еден загубен сет на турнирот го освои својот прв грен-слем трофеј.
 
Ѓоковиќ ќе има други шанси за да ги помине Федерер и Надал по бројот на освоени грен-слем титули, но се чини дека тешко може да дојде до уште една шанса за календарски грен-слем.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе