УФЦ 260

Нгану со спектакуларен нокаут му ја симна круната на Стипе Миочиќ (ВИДЕО)

Френсис Нгану е нов шампион во тешка категорија во УФЦ откако со доминантен перформанс и нокаут на почетокот од втората рунда го победи Стипе Миочиќ. 

Миочиќ важеше за најдобар борец во тешка категорија во УФЦ, но Нгану кој во 2018 година беше поразен од Американецот со хрватско потекло во меѓувреме созреа и дојде времето тој да го освои појасот.
 
Малку фалеше Камерунецот да ја добие борбата уште во првата рунда, го имаше Миочиќ во нокдаун, но тогаш уште актуелниот шампион се извлече. 
 
Но, брзо во втората рунда, Нгану со серија удари го нокаутираше Миочиќ, прво го однесе во нокдаун позиција, а кога стана продолжи да го удира до онесвестување.
Африканскиот борец ја покажа сета своја моќ и заслужено е новиот шампион во УФЦ во тешка категорија.

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе