Мото ГП

Неверојатно, вториот тим на Јамаха најбрз во Херез, Квартараро со рекорден круг до пол и историја!

Фабио Квартараро се радува на својата прва пол позиција во Мото ГП, Французинот попладнево беше најбрз во квалификациите со рекорден круг на патеката во Херез.

На патеката „Анхел Нието“ во Херез попладнево е испишана историја. Вториот тим на Јамаха приреди големо изненадување и стигна до 1-2 во квалификациите.

Рукито Фабио Квартараро се радува на својата прва пол позиција во Мото ГП, талентираниот Французин забележа рекордно време на патеката од 1:36.880 и заврши пред тимскиот колега Франко Морбидели и Марк Маркез на Хонда.

Тој исто така  стана и најмладиот возач кој стигнал до пол позиција со 20 години и 14 дена и го собори рекордотна Марк Маркез.

За тоа колку е импресивно постигнување на Квартараро како и она на Морбидели, возачите на фабричкиот тим на Јамаха имаа прилично лош ден. Маверик Вињалес ќе стартува како петти, крај Довициозо и Крачлоу во вториот ред, додека пак Валентино Роси беше очаен, не успеа да го помине првиот дел од квалификациите и утре ќе стартува дури како 13-ти.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе