Австралија Опен

Неверојатниот Федерер играше повреден, спаси седум меч топки и на крај победи за пласман во полуфинале!

Роџер Федерер оствари исклучително тешка победа, речиси никој не веруваше дека може да триумфира бидејќи тешко се движеше на теренот, но тој го совлада Сандгрен со 3-2 во сетови и се пласира во полуфиналето на Австралија Опен. 

Федерер одлично го почна мечот и го доби првиот сет против Тенис Сандгрен со 6-3, но потоа почна да чувствува повреда поради која не беше ниту 50% на своето ниво.
 
Швајцарецот тешко се движеше и ги загуби следните два сета со по 6-2. Сандгрен поведе со 2-1 во сетови. Во тој момент речиси никој не веруваше дека Федерер може да помине, многумина очекуваа дека ќе го предаде мечот, но тој продолжи.
 
Третиот сет имаше неверојатен тек, Федерер спаси дури седум меч топки и на крајот победи во тајбрејк со 10-8 и изедначи на 2-2 во сетови.
 
Неверојатниот камбек му даде сила и успеа да го добие решавачкиот сет со 6-3 и да слави чудесна победа.
 
Во полуфиналето Федерер ќе игра со подобриот од мечот меѓу Ѓоковиќ и Раониќ.

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе