Историска заработка

Неверојатни бројки, Мекгрегор за борбата од 40 секунди ќе заработи дури 80 милиони долари?!

Конор Мекгрегор се врати во октагонот со стил, Ирецот утрово го уништи Доналд „Каубој" Сероне за само 40 секунди во главниот настан на УФЦ 246 во Лас Вегас.

Популарниот „Ноториус“, по пауза од речеси две години и поразот од Хабиб, утрово одново влезе во октагонот. Конор Мекгрегор се врати во стил, го уништи Доналд „Каубој“ Сероне за помалку од една минута во главниот настан на УФЦ 246 во Лас Вегас.

Тој испиша историја откако стана првиот борец кој успеал да победи со нокаут во три различни категории. Историска може да биде и заработката на Ирецот. Тој има загарантирани 3 милиони долари, но вистинското богатство следи од поделбата на парите од „пеј-пер-вју“ и спонзорските договори.

Конор Мекгрегор во разговор со ЕСПН отрки дека добил 50 милиони долари за борбата со Хабиб, а сега предвидува да инкасира 80 милиони долари. Доколку му се остварат прогнозите, тој ќе заработи 2 милиони долари по секунда, со оглед на тоа што во октагонот помина само 40 секунди.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе