АТП финале Торино

Нема финале за Ѓоковиќ, пораз од Зверев

Новак Ѓоковиќ со 2-1 во сетови го загуби полуфиналето од Александер Зверев кој за големиот пехар во Торино ќе се бори против Данил Медведев. 

Ѓоковиќ многу лесно ја помина групната фаза од завршниот АТП турнир кој се одржува во Торино, но Србинот беше запрен во полуфиналето од Александер Зверев.
 
Во првиот сет двајцата тенисери ги добија своите сервиси, во тајбрејкот Зверев беше подобар со 7-4 за 1-0 во сетови.
 
Во вториот сет Ѓоковиќ го возврати ударот, го доби сетот со 6-4 и изедначи на 1-1.
 
Ѓоковиќ го загуби својот втор сервис во третиот решвачки сет, Зверев ја одржа предноста, го доби сетот со 6-3 и се радуваше на финале.
 
Во финалето Зверев ќе игра против Медведев кој со 6-4 и 6-2 беше подобар од Руд во полуфиналната пресметка.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе