Нема да има Вимблдон во 2020, одлуката ќе биде потврдена во среда

Според „Ројтерс“, организаторот во среда ќе објави дека Вимблдон нема да има оваа година, турнирот ќе биде откажен поради ситуацијата со коронавирусот. 

Потпретседателот на Германската тениска федерација, Дирк Хордоф, потврди дека одлуката веќе е донесена, Вимблдон нема да има оваа годна.
 
„Вимблдон објави дека ќе имаат состанок во среда на кој ќе ја донесат конечната одлука. Јас сум во бордот на АТП и ВТА. Неопходните одлуки се веќе направени и Вимблдон во среда ќе одлучи да нема турнир. Нема сомнение во тоа. Тоа е неопходно за оваа ситуација“, вели Дирк Хордоф.
 
Ќе бидат откажани сите турнири на трева за оваа година. 
 
Од претходно е откажан и Ролан Гарос, ќе се откаже и Вимблдон, а нејасно е ниту дали ситуацијата ќе биде нормална до почетокот на УС Опен. Се шпекулира дека тенис нема да се игра до октомври.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе