Европско првенство 2019

Не можеме ни против Турција, нов пораз на македонските одбојкари

Македонската одбојкарска репрезентација доживеа убедлив пораз од Турција со 3-0 во сетови, очајно издание во последниот сет.

Македонските одбојкари го доживеаа вториот пораз на Европското првенство откако денеска загубија од селекцијата на Турција.
 
Македонија се носеше во првите два сета кои ги загубивме со 25:20 и 25:23, но бевме тотално надиграни во третиот кој Турците го добија со 25:13.
 
Љафтов беше најдобриот наш поентер на овој меч со 10 поени, Никола Ѓорѓиев имаше девет. Незапирлив во турскиот состав беше Лагумџија со 20 поени.
 
Нашите одбојкари утре имаат уште потежок противник, играме против актуелниот Европски шампион, Русија.
 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе