Мавровски меморијал

Натпреварувачи од осум земји ќе учествуваат на 56. Мавровски меморијал

На патеката „Мирна долина“ во Маврово од 11 – 13 февруари ќе се одржи 56. Мавровски меморијал. Покрај македонските претставници, свој настап ќе имаат натпреварувачи од Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Грција, Турција и Бугарија.

По 20 во машка и женска конкуренција на патеката од 10 односно 5 километри, ќе настапат и звучните имиња како Ангелис Апостолис од Грција, Мартин Пенчев од Бугарија, Дадиќ Еди од Хрватска, и секако македонскиот претставник Ставре Јада.

Вообичаено овој настан има поддршка од Агенцијата за млади и спорт.

– Нашата визија е да се најдеме во европската елита на нордиското скијање, и затоа  и оваа година ќе се потрудиме да оставиме впечаток на добри домаќини и организатори, и да го направиме овој ФИС натпревар еден од најдобро организираните меѓународни настани на Балканот. Како и секоја година претходно, така и овој пат, финансиски и логистички АМС ќе ја поддржи организацијата на овој меѓународен, традиционален настан, кој првата реализација ја имаше далечната 1962 година, рече на денешната прес-конференција директорот на АМС Дарко Каевски.

Тој упати апел до сите вљубеници во зимските спортови и на планинските убавини на Македонија, да бидат дел од овој настан, во насока на поддршка на македонските претставници во нордиско скијање, но и спортот во целина.

Натпреварот се одржува во спомен на 38-те градители на електро системот Мавровка и 14 храбри граничари, кои го загубија животот во снежната лавина 1956 година. 

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе