АМС ги распредели ваучерите

Најголем ваучер за РК Вардар, за ФФМ нула

Европскиот шампион Вардар доби најголем ваучер од државата, Фудбалската федерација на Македонија и овој пат остана без ништо поради спорот кој го има со АМС. 

АМС ја објави распределбата на ваучерите. Државата го помага спортот со 10 милиони евра, од колачот ќе добијат федерациите, клубовите и индивидуалните спортисти.
 
РК Вардар како најголем презентер на Македонија во минатата година, доби и најголем ваучер. Црвено-црните ќе добијат 21,8 милиони денари или околу 355.000 евра. Еурофарм Работник ќе инкасира 17,9 милиони денари.
 
 
Следен на листата според висината на средствата е КК МЗТ Скопје кој ќе добие ваучер од 15,8 милиони денари. Од кошаркарските клубови втор е Работнички со 13,9 милиони денари.
 
 
Фудбалскиот шампион Шкендија доби 11,5 милиони денари, а ФК Вардар ќе инкасира еден милион помалку од тетовскиот клуб.
 
 
За АМС актуелното раководство на ФФМ е нелегитимно поради тоа што одбива да го услогласи статутот, па за нив нема ваучер. Ракометната федерација на Македонија ќе добие 22,835,000 денари, а кошаркарската 16,615,000.
 
 
Од индивидуалните спортисти најголем ваучер доби Јован Стојоски 308 илјади денари, Дрита Ислами доби 252 илјади денари, а Дарио Ивановски 154 илјади денари.
 
 
Комплетните лиси за сите клубови, федерации и индивидуални спортисти можете да ги погледнете на овој ЛИНК.
 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе