Има и други соништа за остварување

Најдобрата тенисерка објави крај на кариерата, Барти се пензионира на 25 години

Најдобрата светска тенисерка, Ешли Барти реши да стави крај на тениската кариера иако има само 25 години, вели дека има други соништа во животот кој сака да ги исполни. 

Барти денеска го шокираше тенискиот свет откако неочекувано објави дека се повлекува.
 
„Мносу сум среќна и многу сум подготвена. Едноставно знаев, го чувствував моментот во моето срце, знам дека ова е правилна одлука. И знам дека луѓето може нема да разберат. Но океј сум со тоа. Бидејќи знам дека Еш Бартон е личност која има многу соништа што сака да ги оствари“, рече Ешли Барти.
 
Таа од 2019 кога го освои првиот свој грен слем, Ролан Гарос, досега е најдобра тенисерка. Лано победи на Вимблдон, а оваа година стана првата австралиска тенисерка по 44 години која го освоила Австралија опен.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе