УФЦ настан на 18 април сепак ќе има

Најдена е замената за Хабиб, Тони Фергусон доби нов противник

Претседателот на УФЦ, Дена Вајт потврди дека борба на 18 април ќе има, наместо Хабиб Нурмагомедов, противник на Тони Фергусон ќе биде Џастин Гејчи. 

Со нетрпение се чекаше дуелот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон, но коронавирусот ги затвори границите во светот, па Хабиб остана заглавен во Русија. Битката помеѓу нив по петти пат беше откажана.
 
Но настанот ќе се одржи, на 18 април ќе има борба, се уште не е позната локацијата но Дена Вајт потврди дека Џајстин Гејчи ќе му биде противник на Тони Фергусон во борба за привремен шампион бидејќи титулата ја брани Хабиб.
Тони Фергусон е фаворит, но Џастин Гејчи е одличен борец, во моментов четврто рангиран во категоријата со ММА учинок од 21 победа и два порази. Од нив 18 победи му се со нокаут. Негови силни страни се бокс и муаи таи.
 
УФЦ настаните за време на коронавирусот се одржуваат без публика.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе