Мото ГП

Најбрзото време на Вињалес поништено, Квартараро до нова пол-позиција во Херез

Маверик Вињалес остана без победа во квалификациите откако најбрзото време му беше поништено, Фабио Квартараро одново ќе стартува од пол-позиција.

И денеска доста возбуда во квалификациите во Херез. И покрај тоа што сепктаклот беше посиромашен за Марк Маркез, кој не постави време и ќе стартува како последен, Маверик Вињалес и Фабио Квартараро имаа интересна битка.

Маверик Вињалес прв постави време за пол-позиција, потоа одговори Фабио Квартарро со постигнување од 1:37.007. Шпанецот во својот втор обид имаше време под 1:37, но му беше поништено бидејќи на еден свиок го надмина лимитот на патеката.

Последното место во првиот ред му припадна на младиот Пеко Бањаја, за кого ова е најдобар пласман во квалификациите во кралската класа.

Валентино Роси исто така имаше одлични квалификации и ќе стартува како четврти, а потоа следуваат Мигел Оливеира, Франко Морбидели, Џек Милер, Такаги Накагами, Бред Биндер, Жоан Мир, Данило Петручи и Пол Еспаргаро.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе