СЦЕНИ КОИ РЕТКО СЕ ГЛЕДААТ

Најбаксузниот скок во историјата: Србинката Шпановиќ остана без медал во Лондон поради ливчето со бројката (ВИДЕО)

Атлетичарката од Србија, Ивана Шпановиќ остана без медал на Светското првенство во Лондон поради бизарна причина и ливчето со бројката на нејзиниот грб

Љубителите на атлетиката во Лондон беа сведоци на нешто што ретко се гледа, натпреварувач остана без медал поради ливчето со бројката.

Србинката Ивана Шпановиќ беше творецот на најбаксузниот скок во историјата.

Во финалната серија таа имаше скок, кој на прв поглед делуваше дека е преку 7 метри и вреден за злато, а ако не беше доволен за прво место, тогаш сигурно за сребро.

Но по официјалното мерење, таа остана само на четвртото место, па веднаш достави жалба.

Официјалните лица и објаснија дека причина за ова е ливчето со бројката на грбот кое се откачило и оставило траг во песокот, па таа загубила неколку сантиметри.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе