МОТО ГП

Најава за голема битка и одлична трка, Вињалес до пол пред Дови и Маркез

Маверик Вињалес стигна до пол-позиција на ГН на Сан Марино, Шпанецот ја доби пресметката со Андреа Довициозо и Марк Маркез во квалификациите

Тројцата претенденти за титулата во Мото ГП утре ќе се најдат еден покрај друг во првиот стартен ред во Мисано.

Маверик Вињалес беше најбрз во квалификациите и ја доби битката со лидерот во генералниот пласман Андреа Довициозо, и второпласираниот Марк Маркез.

Возачот на Јамаха постави време од 1:32.439 кое му донесе пол-позиција. Андреа Довициозо имаше постигнување од 1:32.601, а Марк Маркез беше само 30 илјадитинки поспор.

Во вториот ред се најдоа Кал Крачлоу, Хорхе Лоренцо и Жоан Зарко, додека пак третиот ред е резервиран за Дани Педроса, Данило Петручи и Алеш Еспаргаро.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе