Ролан Гарос

Надал во 100. меч на Ролан Гарос го победи Синер и се пласираше во полуфиналето

Рафаел Надал во три сета го победи италијанскиот тенисер Јаник Синер и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос каде ќе игра против Шварцман. 

Ова за Надал беше 100. меч на Ролан Гарос и дојде до неверојатната 98. победа, кралот на земјината подлога само два пати загубил на овој голем грен слем турнир.
 
Синер му пружи силен отпор на Надал во првиот сет, Шпанецот го доби дури по тајбрејкот со 7-6 (7-4), потоа работите подобро се движеа за Рафа, вториот сет го зема со 6-4, а во третиот беше убедлив 6-1.
 
Во полуфиналето Надал ќе игра против Диего Шварцман кој со 3-2 беше подобар од Доминик Тим.

МОН најавува реформи во образовниот систем. Се разбира, реформите ги чекаме со нетрпение, но во насока на суштински измени, а не избрзани одлуки, копирање туѓи идеи и нивно вадење од контекст неприменлив во нашата средина, како и повторно експериментирање со децата.

повеќе

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе