- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 77НОВИ / 24h
- 1 од 13
- следно ›
- Контакт
Австралија опен
Надал со победа стартуваше на АО, по мечот рече: За сите ќе беше најдобро ако играше и Ѓоковиќ

Рафаел Надал со 6-1, 6-4 и 6-2 го победи Американецот, Џирон во првото коло на Австралија опен.
Во интервјуто по мечот, меѓудругото Надал беше прашан и дали требало да игра Новак Ѓоковиќ.
„Не знам, но веќе сум уморен од ова. Пред една недела кога тој го доби првото судење, реков дека правдата зборува. Тие рекоа дека визата била коректена и тоа беше фер. Вчера правдата кажа нешто друго и јас никогаш не одам против правдата. Тоа што го мислам е дека во еден идеален свет на спортот најдобрите треба да играат на најдобрите турнири. Доколку Ѓоковиќ играше, тоа ќе беше најдобро за сите. Не можам да кажам нешто повеќе бидејќи ситуацијата сега е решена“, вели Рафаел Надал.
„Отсекогаш сум имал почит за моите ривали. Новак не е исклучок. Му посакувам се најдобро. Мислам дека ситуацијата се искомплицира и мислам дека тој не е единствениот кој погреши. Има и други одговорни. Но и тој е еден од тие кои се одговорни. Јас сакав тој да играше“.
Други спортови
Објавено на
17 Јануари 2022 - 08:52