Рафаел Надал засега без поголеми потешкотии ги поминува пречките на Австралија опен, денеска најде на нешто посилен отпор, но си ја заврши работата.
Надал ги доби првите два сета со 6-3 и 6-2, третиот го загуби со 3-6, но потоа го одигра најубедливиот сет, 6-1 и дојде до триумф од 3-1 во сетови.
Во осминафиналето Надал ќе игра со победникот од дуелот меѓу Манарино и Карацеф.
Убедлив настап денеска имаше Александер Зверев кој со 6-3, 6-4 и 6-4 го совлада Албот.
Зверев во осминафиналето ќе игра против Шаповалов кој со 3-1 го победи Опелка.
Пласман во осминафиналето обезбеди и српскиот тенисер кој требаше да игра против Ѓоковиќ, Кецмановиќ кој со 3-1 беше подобар од Сонего.
Следниот негов противник е Гаел Монфис кој е 17. носител на турнирот. Тој со 3-0 беше подобар од Гарин.