четврток, 28 март 2024

Роби МекГаиган е нов европски првак во снукер, Јанев победи за Македонија

Викендов, со победата во финалето на С. Ирецот Роби МекГаиган над бившиот професионалец Крег Стедман со 4 спрема 2 заврши главниот настан на Европското првенство во снукер во Босна и Херцеговина. Со тоа младиот снукер играч заработи 2 годишен билет во професионалната тура.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија на ова EBSA Европско првенство за 2024 во снукер во Босна ја претставува јуниорите Марко и Теодор Величковски, како и сениорите Владо Матоски, Влатко Јанев, Петар Панов и Петар Колоски.

Јуниорите први ги завршија своите дебитантски настапи во категориите U16 и U18 во групната фаза. Во категоријата U16 на огромно изненадување победник е репрезентативецот на Молдавија, Владислав Градинари. Остануваат позитивните впечатоци од нашите јуниори со неколку освоени фрејмови и силната желба за успех во следните Европски првенства.

По нив, од 18ти Март, започна главниот настан во кој нашите сениори во следните 3 дена ги изиграа своите мечеви од групната фаза против најдобрите европски снукер играчи. Оваа година во отсуство на трикратниот шампион на Македонија Берат Јашари, и лидерот во националното првенство Павле Данилов (двајцата од оправдани фамилијарни причини) очите беа вперени во актуелно второ пласираниот Петар Панов за кого ова е трет настап на европските првенства. За жал и тој и останатите поискусните наши играчи не успеа да ги поминат групите.

Евидентно беше дека во судир со носителите во своите групи неможеа да сторат ништо посебно, но во останатите мечеви од групите сите репрезентативци рамноправно се носеа со своите противници, освојуваја фрејмови и во некој мечеви во самиот крај на фрејмовите испуштаа можност за победа. Сепак, Влатко Јанев ја искористи својата шанса и успеа да извојува победа во групната фаза, но со останатите 2 пораза не успеа да се квалификува во елиминациите.

Севкупниот впечаток е дека, можеби без најсилниот состав македонскиите играчи достојно се претставија на овој шампионат, но секако доколку се сака повисок пласман треба трпение, поинтензвни подготовки. Со стекнатото искуство од овие континентални настапи на најмладите, браќата Величковски, Ѓурчиновски… ветувачкиот настап на Колоски, секако во надеж за следни учества и на нашата најдобра 3ка Јашари, Панов и Данилов, но и на искусните Матоски и Јанев, достижно е следното скалило со влез во елиминациите, каде денес може да видиме и по некој играч од Бугарија, Србија, Албанија, БиХ.

Но и уште повеќе привлекува внимание и храбри фактот дека во самите завршници се почесто гледаме трумфи на играчи од “нетрадиционалните” снукер нации, посебно за истакнување се земјите од Источна Европа, Латвија, Молдавија, Полска, Унгарија… играчи кои се почесто пркосат на веле силите во светскот снукер, играчите од британско тло.

Да напоменеме дека дел од судиската организација беа и нашите двајца интернационални судии Ана Србиновска и Мартин Петрушевски кои се представија во одлично светло. Србиновска на ова првенство се стекна со признанието Интернационален судија класа 2 што ќе и овозможи во следните првенства да суди мечеви од последните фази на натпреварувањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ