Останува само уште завршниот турнир во Лондон

Надал се врати на врвот на АТП листата, еве што треба Ѓоковиќ да направи за да ја заврши годината како број 1

Рафаел Надал одново е на врвот на АТП листата, Шпанецот првото место го презеде од Новак Ѓоковиќ, кој сепак има шанса годината да ја заврши како број 1.

Оваа недела донесе промена на АТП листата, Рафаел Надал се врати на врвот и го симна Новак Ѓоковиќ од првото место. Сепак, Србинот има шанса да ја заврши годината како број 1.

Доколку Рафаел Надал го освоеше мастерсот во Париз, тој ќе ги решеше сите дилеми, но поради повреда се предаде во полуфиналето, Новак Ѓоковиќ стигна до триумф, па разликата помеѓу двајцата тенисери сега е 640 поени.

До крајот на сезоната се игра уште завршниот турнир во Лондон, на кој можат максимум да се освојат 1.500 бодови. Во првиот дел од турнирот, се доделува 200 бодови за секоја победа (има три меча), за славје во полуфиналето се добива 400 бодови, а тенисерот кој ќе триумфира во финалето добива уште 500 бодови.

Доколку Рафаел Надал ја санира повредата и се појави во Лондон, Новак Ѓоковиќ ќе треба да се надева дека Шпанецот ќе загуби еден натпревар, а тој ќе биде перфектен, ќе забележи пет победи кои ќе му донесат враќање на врвот на АТП листата и финиш на годината како број 1.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе