УС Опен

Надал против Беретини во полуфиналето на УС Опен

Рафаел Надал лесно се справи со Шварцман за пласман во полуфиналето, а супер интересен беше мечот меѓу Беретини и Монфис од кој како победник излезе Италијанецот. 

Надал ја оправда улогата на фаворит и лесно во три сета го збриша Шварцман, мечот го доби со 6-4, 7-5 и 6-2.
 
Многу поинтересно беше на дуелот меѓу Гаел Монфис и Матео Беретини. Италијанскиот тенисер победи во меч со пет сета.
 
Момфис тргна одлично го доби првиот сет со 6-3, но следните два му припаднаа на Беретини со 6-3 и 6-2. Четвртиот сет повторно го доби Французинот со 6-3 и се премина во петти решавачки.
 
Петтиот сет го доби Беретини во тајбрејк со 7-5. Но Италијанецот пропушти дури четири меч топки, сепак не и петтата. Монфис во последните два гејма направи неверојатни пет двојни сервис грешки.
 
Во вториот полуфинален дуел Медведев ќе игра против Димитров.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе