Ролан Гарос

Надал преку Шварцман стигна до полуфиналето на Ролан Гарос

Надал со 3-1 во сетови го совлада Шварцман и се пласираше меѓу четирите најдобри на Ролан Гарос. 

Шпанскиот тениски ас ја оправда улогата на фаворит и релативно лесно дојде до полуфиналето на големиот грен слем турнир.
 
Надал отвори со 6-3, но Шварцман одговори во следниот сет, го доби со 6-4 и изедначи на 1-1.
 
Сепак во следните два сета Шпанецот ги доби со 6-4 и 6-0, победи со 3-1 и продолжи понатаму.
 
Тој во полуфиналето го чека победникот од вечерашниот меч меѓу Ѓоковиќ и Беретини.
 
Во второто полуфинале играат Зверев и Циципас.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе