АТП Монте Карло

Надал преку Пеља до полуфиналето во Монте Карло

Рафаел Надал добро се испоти, особено во првиот сет против Пеља но на крајот ги оправда очекувањата и се пласираше во полуфиналето од Монте Карло.

За разлика од Новак Ѓоковиќ кој беше елиминиран од Медведев, Рафаел Надал не дозволи изненадување против Пеља иако имаше тежок прв сет.
 
Првиот сет траеше скоро час и половина, а Надал имаше лош старт, губеше со 4-1, потоа зема четири гејма по ред. На крајот сетот го доби со 7-1 во тајбрејк. Во вториот сет Шпанецот немаше поголеми промени, водеше со 4-1, на крајот славеше со 6-3
 
Таму ќе игра со победникот од дуелот меѓу Чориќ и Фоњини.
 
Дурото полуфинале го сочинуваат Медведев и Лајовиќ.
 

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе